Кога зборуваме за диета за рак, треба да се има предвид дека ниту една студија досега не докажала дека одредена храна може комплетно да го исчисти вашето тело од рак.
Да, има неколку случаи на луѓе кои успеале да ја победат болеста со практикување веганска диета и правење сокови од зеленчук и овошје [1, 2] . Ние нема да шпекулираме дека одредена храна ќе ви помогне да се излечите.
Но тоа што можеме да го дискутираме е дека превенцијата од рак е возможна. Се разбира, тоа зависи од многу фактори, вклучувајќи ја тука диетата, средината во која живеете, начинот на живот, и вашите навики.
Ракот е болест за која медицината се уште не пронашла лек. Секоја година има нови случаи на рак. Според статистиките на Националниот Институт за Рак во Америка, секоја година има 454 нови случаи на 100,000 мажи, и 171 нов случај на 100,000 жени [3].
Имајќи го тоа во предвид, секојдневно се соочуваме со студии кои покажуваат дека одредени состоки помагаат при сузбивање на канцерогените клетки.
Тоа не значи дека на пример, доколку јадете морков и брокула секој ден, вие ќе се излечите од рак.
Но исто така знаеме дека тоа што го консумираме драстично влијае на квалитетот на нашиот живот, вклучувајќи го тука и ризикот од развивање на хронични болести како рак, дијабетес, и срцеви заболувања.
Одржување на алкална средина е клучно во целиот процес.
Следниве производи сигурно ќе ви помогнат да ги превенирате болестите како рак. Се разбира, потребни се уште истражувања, со оглед на тоа дека моменталните истражувања се лимитирани на животни, опсервациони студии, и тестови во епрувета.
Брокула
Брокула, како и слични зеленчуци вклучувајќи ги тука кељо и карфиолот, содржи големо количество на сулфурофан. Се работи за состојка од растително потекло која има способност да ги неутрализира канцерогените клетки.
Треба да се напомене дека истражувањата се вршени во епрувета, но резултатите покажале дека сулфурафанот може да уништи до 75% од канцерогените клетки [4]. Други истражувања покажале дека оваа состојка уништила до 50% од клетките на рак на простата [5].
Во секој случај, брокулата се смета за еден од најздравите зеленчуци. Богата со диетски влакна, брокулата ќе ви помогне да бидете сити во текот на целиот ден. Консумирањето на овој зеленчук значително го намалува ризикот од рак на дебелото црево.
Морков
Во светски рамки, неколку истражувања покажале позитивни резултати како морковот влијае врз канцерогените клетки [6]. Едно истражување покажува дека морковот може да го намали ризикот од рак на стомак. Морковот штити и од рак на белите дробови, и рак на простатата.
Морковот е еден од зеленчуците кои најлесно можете да го вметнете во вашата диета. Лесен е за подготовка, а може да се користи и како прилог за главно јадење, во колачи, но и во вашето дневно смути.
Мешункасти плодови
Грашок, леќа, грав, и слични зрнести плодови кои се богати во влакна можат да ви помогнат при превенција од рак на дебелото црево [7].
Засега, истражувањата за бенефитите на мешунките се лимитирани на животни. Но треба да се напомене дека едно истражување открило дека мешунките блокирале развој на 75% канцерогени клетки [8].
Боровинки
Сите овошки од типот на боровинки, јагоди, и малини помагаат во борбата против рак. Боровинките се овошје кое е најбогато со антиоксиданси.
За боровинки има и истражување кое вклучува луѓе [9]. Во истражувањето, 25 луѓе со рак на дебелото црево пиеле екстракт од боровинка седум дена. Резултатите покажале намалување на канцерогени клетки од 7%.
Малини исто така се покажале како одличен избор кај пациенти со рак во устата. Во истражувањето малините покажале подобрување во неколку маркери кои се поврзани со прогресија на рак [10].
Цитрусни овошки
Оваа група ги вклучува лимонот, мандарината, портокалот, грејпфрутот, и зелениот лимон. Неколку истражувања покажале дека овие овошки помагаат при уништување на ракот. Конкретно, лимонот и сличните овошки помагаат при превенција од рак во дигестивниот и респиративниот систем [11, 12] .
Друго истражување покажало позитивни промени кај пациенти со рак на желудник [13]. Сите овие истражувања се лимитирани и не земаат во обзир други фактори. Секако, повеќе истражување е потребно, но резултатите се охрабрувачки.
Домати
Доматите содржат ликопен, моќен антиоксиданс. Оваа состојка му ја дава на доматот препознатливата црвена боја. Ликопенот има моќни својства во борбата против ракот [14].
Токму оваа состојка е предмет на неколку истражување. Заклучокот од повеќе истражување покажува дека консумирањето на свежи и готвени домати може да го намали ризикот од рак на простата.
Доматот, исто како и морковот претходно, е зеленчук кој многу лесно можете да го вметнете во вашата дневна диета. Секако, најлесно е да го додадете во сендвич или салата. Или ако се чуствувате мотивирани за готвење, припремете сос од домати за вашите тестенини.
Лук
Лукот ужива и добра и лоша репутација во исто време. Многумина го одбегнуваат поради препознатливиот мирис. Сепак, никој не може да го оспори бенефитот од консумирање лук.
Богат со минерали и витамини, лукот е исклучително здрав. Најголемиот дел од здраствените својства на лукот потекнуваат од алицин, соединение кое се добива кога се сечка лукот и е заслужно за мирисот.
Неколку истражувања пронашле врска помеѓу консумирањето лук и одредени типови на рак [15]. На пример, лукот се поврзува со намален ризик на рак на желудник, рак на простата, и дебело црево [16].
Риба
Рибите се разликуваат по вкус и по количината на омега-3 масни киселини. Но нема да згрешите која риба и да ја одберете. Има причина зошто луѓето кои живеат во Медитеранска околина и се придржуваат на исхрана богата со риба живеат подолго.
Рибата штити од многу болести, вклучувајќи го и ракот. Риби како лосос и скуша се особено добри бидејќи имаат највисоко количество на омега-3 масни киселини, а содржат и доволна доза на витамин Д. Две порции риба неделно го намалуваат ризикот од рак, како и срцеви болести за околу 50% [17].
Цимет
Циметот е зачин кој е доста присутен во нашата кујна. Од времето на нашите баби и дедовци, циметот има значајна улога во готвењето, особено на слатки.
Циметот е еден од најздравите зачини, а има способност да го регулира нивото на шеќер во крвта и да го намали воспалението.
Неколку истражувања во епрувета покажале дека циметот има способност да го стопира ширењето на канцерогени клетки и да ја намали големината на туморот [18, 19].
Бидејќи е зачин со широка употреба, циметот многу лесно можете да го вметнете во вашето дневно мени. Една до две мали лажички на ден е повеќе од доволно.
Куркума
Зачинот кој потекнува од корен од растението Куркума Лонга е задолжителен во Индија. За куркумата се вели дека е лек за 100 болести, и еден од најмоќните природни лекови. Сите негови лекови својства потекнуваат од куркумин, состојка која му ја дава жолтеникавата боја.
Билката има благотворно дејство во случај на рак. Го спречува растот на канцерогените клетки, и формирањето на туморот [20, 21]. Куркумата исто така е одличен природен прочистувач на белите дробови.
Јаткасти плодови
Ореви, бадеми, лешници, или било кој друг производ од групата на јаткасти плодови е одличен избор за закуска. Јаткастите плодови се богати со омега-3 масни киселини, протеин, и други хранливи состојки кои ќе ве држат сити и ќе ви дадат енергија.
Едно истражување покажало дека консумирањето на јаткасти плодови е поврзано со помала смртност од рак [22]. Истражувањата на темата се фокусираат на различен тип јаткасти плодови. Па така, бразилските лешници се добри за рак на белите дробови, додека оревите штитат од рак на дојка [23, 24].
Ленено семе
Во последните неколку години може да се забележи дека се повеќе луѓе бараат ленено семе во продавниците за здрава храна. Лененото семе е богато со диетски влакна и здрави масти, што го прави одличен додаток во вашата исхрана.
Неколку истражувања покажуваат дека покрај сите здраствени придобивки, лененото семе исто така штити од рак и може да ги убие канцерогените клетки [25]. Бидејќи е богато со влакна, лененото семе најмногу штити од рак на белото црево и на простата.
Маслиново масло
Се почесто може да се забележи дека го прифаќаме маслиновото масло како алтернатива за готвење и зачинување на храната. И тоа е добро. Маслиновото масло потекнува од Медитеранската диета. Богато е со омега-3 масни киселини, и има многу бенефити по нашето здравје.
Женската популација треба се повеќе да конзумира маслиново масло, бидејќи штити од рак на дојка [26]. Маслиновото масло, како и маслинките, исто така превенираат рак на дигестивниот систем [27].
- https://www.chrisbeatcancer.com/i-juiced-to-beat-cancer-and-turned-orange/
- http://www.dailymail.co.uk/health/article-137626/I-know-I-beat-cancer-fresh-fruit.html
- https://www.cancer.gov/about-cancer/understanding/statistics
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/20388854
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/20388854
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/26819805
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/28064440
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/12672642
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/19584076
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/26701664/
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/18824947
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/19856118
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/18373174
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/23883692
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/21473867/
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/12419792/
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/10393143
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/20653974
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2920880/
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/21372035
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/24550143
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/26313936
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3208545/
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/24500939
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/15897583
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3199852/
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/10990479