Програм за слабеење

Програмот за слабеење вклучува правилната исхрана која е најдобра основа за нашето здравје и колку е таа поразновидна толку повеќе придонесува за добра состојба на целиот организам. Таа може да биде превентива и да овозможи поквалитетен и подолг живот, да ја подобри здравствената состојба и да го подобри физичкото, менталното и емотивното здравје, а последиците од болестите се минимизираат.

Последните научни истражувања покажуваат дека прекумерната и неурамнотежена исхрана значајно допринесува за развојот на водечките болести во земјата.

Нормалната тежина е предуслов за психо-физичкото здравје.

Резултатите од програмот за слабеење се веднаш видливи и влијаат мотивирачки во остварувањето на понатамошните цели.

Програм со балансирана исхрана и вклучено мени

Разновидна исхрана со традиционална кујна, без гладување , со вклучени 3 оброци и 2 ужинки. Вклучени напитоци кои се консумираат помеѓу оброците

Без броење на калории

По принципот на консумирање на храна преку најиндивидуалниот принцип мерење според сопствената дланка

edukacija

Едукација и совети во делот на правилните интервали за консумирање на храна начин

Што, колку и кога треба да се јаде? Храната која ја консумирате искомбинирана на правилен начин. Добивате препорачана листа на намирници поволни за конзумација

Сведоштва

Долго време се борам со зголемена телесна тежина како резултат на здравствени причини, бремености и несоодветна грижа кон сопственото тело. Освен конкретните совети и препораки, кај Фани ќе наидете на целосно разбирање за секоја ваша состојба или проблем поврзан со исхраната. Мотивацијата и поттикнувањето да го дадете најдоброто од себе и да издржите во вашата борба за регулирње на телесната тежина не изостануваат во ниту еден момент, токму
затоа сметам дека ваквиот пристап го намалува ризикот од јо-јо ефект, бидејќи не се работи за
режим, туку за животен стил по принципот на здрави навики.

Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ

Благодарение на М-р. Гулевска, успеав да симнам 40 килограми за помалку од една година. Нејзиниот пристап кон мене беше максимална посветеност, овозможувајќи ми да ги преминам зависностите од шеќер и шеќерни пијалоци, како и да се навикнам на помали порции на храна. М-р. Гулевска значајно ми помогна и со психолошката битка, нудејќи многу повеќе од само лист хартија на кој што пишува дневен план за исхрана, туку и морална поддршка во една од најголемите битки на волја во мојот живот.

 

Антониј Џајкоски

Останати програми

weight gain

Програм за зголемување на телесна тежина

Консумирањето на брза храна не е здрав начин за зголемување на тежината, единствено со балансирана исхрана може да се постигне посакуваната цел.

Програм за детокс

Целосно прочистување на вашиот организам со правилна и балансирана исхрана по холистичка методологија, урамнотежен план и вклучено мени.


Програм за хормонален баланс

Природен процес преку кој вашето тело ќе се доведе во балансирана состојба, внесувајки тоа што му е потребно и онолку колку што му е потребно.

no-cholesterol

Програм за покачен холестерол

Регулирање на мастите, подобрување на работата на метаболизмот и организмот во целост, намалување на ризикот од други болести.