Нутриционистичка поддршка при инсулинска резистенција
План за исхрана во соработка со вашиот лекар: редовни оброци, правилни комбинации и реален ритам на денот.
- Стручност
- Магистер по нутриционизам
- Каде
- Ординација во Скопје или онлајн
- Одговор
- Во рок од еден работен ден
За програмата
При инсулинска резистенција исхраната е важен дел од пристапот, но секогаш во соработка со лекарот кој ја води состојбата. Програмата нуди практичен план со редовни оброци, правилни комбинации на јаглехидрати, протеини и масти и намирници од нашата кујна — без екстремни режими.
За кого е наменета
- Лица со дијагностицирана инсулинска резистенција кои имаат препорака од лекар за промена на исхраната.
Како изгледа процесот
- Воведна консултација и анамнеза. Разговараме за вашите навики, секојдневие, цели и моментална состојба.
- Персонален план. Во рок од неколку дена добивате план и мени прилагодени на вас, со листа на препорачани намирници.
- Контролни средби. Следиме како се чувствувате, што функционира, а што треба да се прилагоди.
- Навики што остануваат. Целта е планот постепено да стане ваш нормален начин на исхрана — без „режим“.
Често поставувани прашања
Дали е потребно да бројам калории?
Не. Работиме по принципот на мерење со сопствената дланка и едукација за тоа што, колку и кога се јаде.
Дали средбите може да бидат онлајн?
Да, по договор. Консултациите се одржуваат во ординацијата во Скопје или преку видео-повик.
Останати програми
- Воведна нутриционистичка консултацијаЕднократна средба
- Персонален план за исхранаИзработка на план + контролна средба
- Програм за здраво слабеењеПрограма со контролни средби (динамиката се договара индивидуално)
- Спортска исхрана и зголемување на мускулна масаПрограма со контролни средби (динамиката се договара индивидуално)
Закажете воведна консултација
Разговараме за вашите навики, цели и секојдневие и заедно одлучуваме кој пристап ви одговара.