Прескокни до содржината
Здрави Навики

Програм за здраво слабеење

Балансирана исхрана со вклучено мени, без гладување и без броење калории — за резултати што остануваат.

Стручност
Магистер по нутриционизам
Консултации
Онлајн, каде и да сте
Одговор
Во рок од еден работен ден

За програмата

Правилната исхрана е најдобрата основа за нашето здравје, а колку е таа поразновидна, толку повеќе придонесува за добра состојба на целиот организам. Програмот за здраво слабеење не е краткотраен режим, туку начин да ја доведете тежината во рамнотежа преку навики што може да ги задржите.

Планот вклучува разновидна исхрана со традиционална кујна, без гладување, со три оброци и две ужинки и напитоци што се консумираат помеѓу оброците. Наместо калории, работиме со правилни интервали и количини — што, колку и кога се јаде — и со правилни комбинации на храната што веќе ја сакате.

За кого е наменета

  • Возрасни кои сакаат да ја намалат телесната тежина постепено и трајно.
  • Оние на кои досегашните диети им давале привремен резултат (јо-јо ефект).
  • Луѓе што сакаат план применлив во секојдневието, со храна од нашата кујна.

Доколку имате дијагностицирана здравствена состојба или примате терапија, планот се прилагодува во соработка со вашиот лекар.

Како изгледа процесот

  1. Воведна консултација и анамнеза. Разговараме за вашите навики, секојдневие, цели и моментална состојба.
  2. Персонален план. Во рок од неколку дена добивате план и мени прилагодени на вас, со листа на препорачани намирници.
  3. Контролни консултации. Следиме како се чувствувате, што функционира, а што треба да се прилагоди.
  4. Навики што остануваат. Целта е планот постепено да стане ваш нормален начин на исхрана — без „режим“.

Често поставувани прашања

Колку килограми ќе симнам?

Не ветуваме бројки — секое тело реагира различно. Целта е здраво, постепено намалување на тежината и навики што остануваат и по програмата.

Дали ќе бидам гладен/гладна?

Не. Планот е составен од три оброци и две ужинки, без гладување и без исфрлање цели групи храна.

Дали е потребно да бројам калории?

Не. Работиме по принципот на мерење со сопствената дланка и едукација за тоа што, колку и кога се јаде.

Каде се одржуваат консултациите?

Онлајн. Сите консултации, и првата и контролните, се одржуваат онлајн, во термин што заеднички ќе го договориме.

Закажете воведна консултација

Разговараме за вашите навики, цели и секојдневие и заедно одлучуваме кој пристап ви одговара.

Јавете се

+389 71 252 548Пополнете го формуларот

Одговор во рок од еден работен ден.