Прескокни до содржината
Здрави Навики

Програма

Спортска исхрана и зголемување на мускулна маса

Исхрана усогласена со тренинзите: доволно енергија и протеини за напредок, без брза храна и без импровизација.

Програма со контролни средби (динамиката се договара индивидуално) Персонализирано
  • Магистер по нутриционизам
  • Ординација во Скопје или онлајн
  • Одговор во рок од еден работен ден
  • 5.0 на Google (18 оценки)

За програмата

Зголемувањето на мускулната маса или телесната тежина не се постигнува со брза и процесирана храна — единствено балансираната исхрана, усогласена со вашите тренинзи и опоравување, води до посакуваната цел.

Во оваа програма планот се изработува според вашиот тип на активност, распоред на тренинзи и цели, со акцент на доволен внес на енергија и протеини од природни намирници, правилен распоред на оброците околу тренинзите и хидратација.

За кого е наменета

  • Рекреативни и аматерски спортисти кои сакаат исхраната да го поддржи тренингот.
  • Оние што сакаат здраво да ја зголемат телесната тежина или мускулната маса.
  • Луѓе што тренираат, но чувствуваат дека им недостига енергија или опоравување.

Како изгледа процесот

  1. Воведна консултација и анамнеза. Разговараме за вашите навики, секојдневие, цели и моментална состојба.
  2. Персонален план. Во рок од неколку дена добивате план и мени прилагодени на вас, со листа на препорачани намирници.
  3. Контролни средби. Следиме како се чувствувате, што функционира, а што треба да се прилагоди.
  4. Навики што остануваат. Целта е планот постепено да стане ваш нормален начин на исхрана — без „режим“.

Често поставувани прашања

Останати програми

Подготвени за првиот чекор?

Закажете воведна консултација. Разговараме за вашите навики, цели и секојдневие — и заедно одлучуваме кој пристап ви одговара.