Прескокни до содржината
Здрави Навики

План за здрав начин на исхрана согласно дијагноза

Персонален план за исхрана, усогласен со дијагнозата и со препораките на вашиот лекар, со намирници од нашата кујна.

Стручност
Магистер по нутриционизам
Консултации
Онлајн, каде и да сте
Одговор
Во рок од еден работен ден

За програмата

Кога лекарот ќе постави дијагноза и ќе препорача промена во исхраната, често не е јасно како тоа да изгледа во секојдневието. Програмата нуди персонален план за исхрана усогласен со дијагнозата, со лекарските препораки и со терапијата: редовни оброци, намирници од нашата кујна и јасни насоки што можете да ги следите.

Пристапот е персонален: каква исхрана ви одговара според дијагнозата се одредува на консултацијата, врз основа на наодите, препораките од лекарот и вашите навики.

Дијагнозата ја поставува и терапијата ја води лекарот. Планот за исхрана е поддршка на лекувањето, а не негова замена.

За кого е наменета

  • Лица со дијагноза поставена од лекар, кои имаат препорака за промена на исхраната.
  • Лица што сакаат лекарските препораки за исхрана да ги претворат во реален план и мени.

Како изгледа процесот

  1. Воведна консултација. Разговараме за дијагнозата, наодите и препораките од вашиот лекар, како и за навиките и секојдневието.
  2. Персонален план. Добивате план и мени усогласени со дијагнозата и со терапијата, со листа на препорачани намирници.
  3. Контролни консултации. Следиме како се чувствувате и го прилагодуваме планот, во согласност со препораките на лекарот.

Често поставувани прашања

Дали е потребно да бројам калории?

Не. Работиме по принципот на мерење со сопствената дланка и едукација за тоа што, колку и кога се јаде.

Каде се одржуваат консултациите?

Онлајн. Сите консултации, и првата и контролните, се одржуваат онлајн, во термин што заеднички ќе го договориме.

Дали ми треба дијагноза од лекар?

Да. Планот се прави врз основа на дијагнозата и препораките од вашиот лекар. Ако сè уште немате дијагноза, прво обратете се кај лекар.

Закажете воведна консултација

Разговараме за вашите навики, цели и секојдневие и заедно одлучуваме кој пристап ви одговара.

Јавете се

+389 71 252 548Пополнете го формуларот

Одговор во рок од еден работен ден.