Предавања за здрава исхрана во градинки и училишта
Интерактивни предавања за деца, прилагодени на возраста: овошје и зеленчук, пирамидата на исхрана и здрави ужинки, објаснети преку слики и разговор.

За предавањата
Здравите навики најлесно се градат од мали нозе. Фани има одржано предавања за здрава исхрана во градинки и во основно училиште. Со децата зборува на јазик што го разбираат: преку слики, прашања и примери од секојдневната трпеза.
Предавањето го договараме со установата: возраста на децата, бројот на групи, темата и терминот. Може да се организира и краток разговор со родителите и воспитувачите, за здравите навики да продолжат и дома.
Од досегашните предавања



За кого е наменета
- Градинки: групи деца од предучилишна возраст.
- Основни училишта: ученици од пониските одделенија.
- Родители и воспитувачи: краток разговор за здрави ужинки и оброци, по договор.
Како изгледа процесот
- Договор. Преку формуларот или телефонски ги договараме возраста на децата, бројот на групи, темата и терминот.
- Подготовка. Содржината и материјалите се прилагодуваат на возраста на децата и на правилата на установата.
- Предавање. Фани доаѓа во градинката или училиштето и го одржува предавањето со секоја група.
Често поставувани прашања
Каде се одржува предавањето?
Во просториите на градинката или училиштето, во термин што ќе го договориме однапред.
Дали децата пробуваат храна?
Само ако тоа е договорено однапред со установата. Активностите со храна се планираат со внимание на алергиите и на правилата за исхрана во групата.
Како да побараме предавање?
Пополнете го формуларот или јавете се. Во барањето наведете ја возраста на децата и приближниот број на групи.
Останати програми
- Воведна нутриционистичка консултацијаЕднократна онлајн консултација
- Персонален план за исхранаИзработка на план + контролна онлајн консултација
- Програм за здраво слабеењеПрограма со контролни онлајн консултации (динамиката се договара индивидуално)
- Спортска исхрана и зголемување на мускулна масаПрограма со контролни онлајн консултации (динамиката се договара индивидуално)
Договорете предавање
Оставете контакт и Фани ќе ве контактира за возраста на децата, бројот на групи и терминот.