Без рестриктивни диети, креираме здрави навики
Секоја индивидуална програма започнува со воведна консултација и холистичка анамнеза. Планот е секогаш персонален: прилагоден на вашата кујна, секојдневие и цели.
- Воведна нутриционистичка консултацијаПрв разговор и холистичка анамнеза: каде сте сега, што сакате да промените и кој пристап би ви одговарал.Еднократна онлајн консултација
- Персонален план за исхранаПлан и мени изработени според вашите потреби и вашата кујна — со едукација што, колку и кога да јадете.Изработка на план + контролна онлајн консултација
- Програм за здраво слабеењеБалансирана исхрана со вклучено мени, без гладување и без броење калории — за резултати што остануваат.Програма со контролни онлајн консултации (динамиката се договара индивидуално)
- Спортска исхрана и зголемување на мускулна масаИсхрана усогласена со тренинзите: доволно енергија и протеини за напредок, без брза храна и без импровизација.Програма со контролни онлајн консултации (динамиката се договара индивидуално)
- Долгорочно нутриционистичко советувањеКонтинуирана поддршка и редовни контроли за навиките да станат трајни — и по првите резултати.Месечно, со редовни контролни онлајн консултации
- Исхрана во перименопауза и менопаузаПрилагодување на исхраната на промените во овој период: енергија, сон, тежина и благосостојба.Програма со контролни онлајн консултации
- Нутриционистичка поддршка при инсулинска резистенцијаПлан за исхрана во соработка со вашиот лекар: редовни оброци, правилни комбинации и реален ритам на денот.Програма со контролни онлајн консултации
- План за здрав начин на исхрана согласно дијагнозаПерсонален план за исхрана, усогласен со дијагнозата и со препораките на вашиот лекар, со намирници од нашата кујна.Програма со контролни онлајн консултации
- Исхрана во бременост и по породувањетоБалансирана исхрана за мама и бебе, во согласност со препораките на вашиот гинеколог.Програма со контролни онлајн консултации
- Семејна исхрана и исхрана на децаЗдрави навики за целото семејство — една трпеза, без посебни менија и без борби на маса.Програма со контролни онлајн консултации
За градинки и училишта
Предавања и работилници за здрава исхрана за деца, прилагодени на возраста.
За компании
Работилници, советување и планови за исхрана за вработените.
Кој програм е за мене?
Изберете ја реченицата што најмногу ви одговара.
- „Не сум сигурен/на од каде да почнам и сакам прво стручно мислење“Воведна нутриционистичка консултација
- „Сакам јасен план и мени прилагодено на мојот ден и мојата кујна“Персонален план за исхрана
- „Сакам да ја намалам тежината постепено, без гладување“Програм за здраво слабеење
- „Тренирам и сакам исхраната да го поддржи напредокот“Спортска исхрана и зголемување на мускулна маса
- „Веќе напредувам и ми треба редовна поддршка за да истраам“Долгорочно нутриционистичко советување
- „Во перименопауза или менопауза сум и забележувам промени во тежината, енергијата или сонот“Исхрана во перименопауза и менопауза
- „Имам дијагностицирана инсулинска резистенција и препорака од лекар да ја сменам исхраната“Нутриционистичка поддршка при инсулинска резистенција
- „Имам дијагноза од лекар и ми треба исхрана прилагодена на неа“План за здрав начин на исхрана согласно дијагноза
- „Бремена сум или неодамна родив и сакам балансирана исхрана за мене и бебето“Исхрана во бременост и по породувањето
- „Сакам здрави навики за целото семејство, вклучително и за децата“Семејна исхрана и исхрана на деца
- „Работам во градинка или училиште и сакам предавање за здрава исхрана за децата“Предавања за здрава исхрана во градинки и училишта
- „Водам компанија или тим и сакам нутриционистичка поддршка за вработените“Корпоративен нутриционистички пакет
Закажете воведна консултација
Разговараме за вашите навики, цели и секојдневие и заедно одлучуваме кој пристап ви одговара.